Силни тестови за Словенија пред двобојот со Македонија на ЕП

Еден од противниците на Македонија на Европското првенство во Унгарија, селекцијата на Словенија, ќе има силни тестови пред континенталниот шампионат.

Избраниците на Љубомир Врањеш ќе бидат дел од пријателски турнир што ќе се одржи во Хрватска.

Покрај домаќинот, селекцијата на Хрватска, на турнирот ќе играат уште Русија и Босна и Херцеговина, кои исто така се дел од ЕП.

Турнирот ќе се игра од 6 до 8 јануари и ќе биде последна проверка за Словенија пред дуелот со Македонија на 13 јануари во Дебрецен.