Се разигра тренерот на Металург, екипата го освои првиот бод

Екипата на Металург РА дојде до првиот бод сезонава во Групата Б од Првата машка лига откако после 60 минути игра имаше 33:33 против составот на Текстилец.

Во текот на целата средба беше интересно и неизвесно. Младите ракометари од Металург РА имаа поддшка на воој натпревар од тренерот Миле Бочкароски, кој беше и прв стрелец на средбата со 11 гола. Тој одигра одлична партија, а особено во второто полувреме на него редовно играа фластер така што остануваше доста простор за игра.

Текстилец го доби првото полувреме, но не успеа и да остане во предност до крајот. Имаше водство во добар дел од натпреварот, но кога беше најпотребно попушти концентрацијата.

Во завршницата односно последните 30 секунди тимот на Текстилец влезе со 33:32. Металург имаше напад, но топката брзо беше загубена. Сепак, после пресингот на средина од теренот Неданоски успеа да пресече една топка и потоа да бие од далечина. Иако голманот на Текстилец успеа да одбрани во прв момент, сепак, топката заврши зад неговиот грб во голот.

Инаку, ова беше прв бод и за тимот на Текстилец така што нема да има никаква промена во долниот дел од табелата во Групата Б од Првата машка лига.

МЕТАЛУРГ РА – ТЕКСТИЛЕЦ       33:33 (16:18)

Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Лејла Јашар и Михаела Капсарева од Скопје. Делегат: Мамер Реџепи од Скопје.

МЕТАЛУРГ РА: Ангеловски, Божиновски, Вељановски, Костовски, Гилев, Христоски 5, Ангелески 5, Таневски 1, Стојчевски, Неданоски 3, Васовски, Георгиевски 1, Прцуловски 5, Филиповски 2, Бочкароски 11

Седмерци: 5/7, Исклучувања: 4 мин.

ТЕКСТИЛЕЦ: М. Атанасов, Шутев 1, Миланов, Петров 2, Стојменов 5, Т. Атанасов, Димитров 2, Јованов 10, Х. Атанасов, Ристов 6, Димитријев 1, Савев, Митрев 4, Димчевски 1

Седмерци: 4/5, Исклучувања: 12 мин.