Се породи во септември, се врати на терен во декември (ВИДЕО)

Репрезентативката на Холандија, Луис Абинг, која го пропушти Европското првенство кое се играше во Македонија, Словенија и Црна Гора поради бременост, откако стана мајка реши да се врати на терените и повторно да му се посвети на ракометот.

Холанѓанката која се породи кон крајот на септември, немаше многу време за семејни обврски и по извесен период започна со тренинзи, со цел да се врати во форма.

Нејзиниот прв настап по пауза од речиси девет месеци беше на натпреварот против Сондерјиске во рамки од 11. коло од шампионатот на Данска.

Оденсе го доби дуелот против Сондерјиске со 35:27, а минутажа во победничката екипа имаше Абинг која најверојатно ќе биде во составот на данскиот тим и за натпреварот против Крим, кој ќе се одигра овој викенд.

Луис Абинг ќе паузира од ракометните терени, објави дека е бремена