Луис Абинг ќе паузира од ракометните терени, објави дека е бремена

Репрезентативката на Холандија и членка на Одензе, Луис Абинг, ја очекува подолга пауза од ракометните терени поради приватни причини.

Холанѓанката, која е носител на играта на својата репрезентација и на дански Одензе, денеска објави дека е бремена.

Таа заедно со нејзиниот партнер, Јост Ледер, радосната вест ја споделија преку социјалните мрежи. Според информациите од данските медиуми, Абинг треба да се породи во текот на месец октомври.

„Многу сме среќни што ќе станеме родители на нашето прво дете. Во моментов, се разбира, правам се за здравјето на бебето, а потоа со нетрпение очекувам повторно да се борам за титули со Одензе. Дотогаш, ќе ги бодрам моите колешки од трибини“, изјави Абинг за клупската страна на нејзиниот актуелен клуб.