Се помалку ергени во Охрид – Манасков ја запроси девојката во Египет (ФОТО)

По Иван Тасески, Филип Кривокапиќ и капитенот Крсте Андоновски, уште ракометар на Охрид ќе застане на „лудиот камен“.

Левиот бек Мартин Манасков ја побара за сопруга долгогодишната девојка Кристина Максимоска.

Романтичното запросување се случи во Египет, каде што двојката го минува својот летен одмор.

Пред една недела, Манасков го продолжи договорот со тимот на Охрид и ќе остане покрај езерото уште најмалку една сезона.