Се подготвуваше за титула на Ф4, но ЕХФ и ја заврши кариерата

Репрезенативката на Црна Гора и ракометарка на Ѓер, Катарина Булатовиќ после дознавањето на веста дека ЕХФ го откажа завршниот турнир во Лигата на шампионите во женска конкуренција за сезоната 2019/2020, ја заврши својата кариера.

Таа одлучи намерно да ја продолжи кариерата за да може да игра на завршниот турнир, но после откажувањето тешко дека ќе се одлучи да игра до крајот на сезоната.

Според договорот кој го има со раководството за неа ова значи и крај на кариерата и веројатно посветување на семејството. Со ова и Ѓер и Црна Гора ќе бидат ослабени.

„Откажувањето на турнирот ме вознемири многу. Одлучив да го продолжам договорот за да можам да ја завршам кариерата на Ф4 турнирот. Сепак, после откажувањето на турнирот во Будимпешта повеќе нема смисол да продолжам. Би сакала да му се заблагодарам на раководството на Ѓер, тренерскиот персонал, ракометарките и навивачите за сета поддршка која ја имав во последните недели. Не замислував вака да се збогувам, но немам друг избор освен официјално да го објавам мојот крај на кариерата“, коментираше Булатовиќ за официјалната страна на Ѓер.

Со ова губат и тимот на Ѓер и Црна Гора. Ѓер загуби одлична ракометарка за новата сезона во Лигата на шампионите, додека Црна Гора ќе биде ослабена на Олимписките игри во Токио следното лето.