Се омажи една од најубавите македонски ракометарки (ФОТО)

Некогашната македонска репрезентативка Наташа Коцевска која долги години живее во Германија, се реши да стапне на „лудиот камен“.

На социјалните мрежи, Коцевска објави фотографии на кои позираат со нејзиниот избраник Герит.

Коцевска ја почна кариерата во Партизан Кичево, настапуваше за Олимпик, Скопје, Еуростандард Ѓорче Петров и Кометал Ѓорче Петров, додека надвор од Македонија играше за грчкиот Артас, како и за германските Сулцбах, Баер Леверкузен, ТУС Вајберн и Борусија Дортмунд каде што ја заврши кариерата.

За македонската репрезентација одигра 72 натпревари.