Се ожени новиот тренер на Ростов Дон (ФОТО)

Селекторот на Црна Гора и нов тренер на Ростов Дон, Швеѓанецот Пер Јохансон „рипна во тавче“ и се ожени со неговата избраничка, Ана-Софи.

Венчавката била направена во Удевала во Шведска, а доаѓа после врска од осум години.

„Се запознавме пред осум години на островот Уруст во Шведска. Мојата сопруга е јавач на коњи и учествува на силни натпревари. Затоа, таа знае што значи да се биде дел од спорт на највисоко ниво. Покрај тоа, Ана-Софи раководи и со својата геодетска компанија и е експерт за имотно право. Таа е љубовта на мојот живот“, вели Јохансон.

Селекторот на Црногорките во  ноември полни 50 години, а повеќе од една децнија се занимава со тренерската работа.