Се огласи и СЕХА – одложен е завршниот турнир во Задар!

Завршниот турнир во регионалната СЕХА лига, кој требаше да се одржи од 3 до 5 април во хрватскиот Задар, се одложува.

Сигурни учесници на завршниот турнир се Загреб и Мешков Брест, додека Вардар и Веспрем требаше на реваншите од осминафиналето да го потврдат своето место во Задар, но и тие дуели беа одложени.

Со оглед на големиот број настани кои се откажани поради коронавирусот – европски купови, домашни шампионати, олимписки квалификации, квалификации за Мундијал, па тешко е да се каже кога би се одржал завршниот турнир во СЕХА.

Претходно Вардар и Веспрем би требало да ги одиграат и реваншите против Нексе и Војводина, а имаат предност од првите натпревари.