Се е подготвено за новиот предизвик: Митревски пристигна во Португалија! (ФОТО)

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски, во новата сезона ќе има нов интернационален предизвик.

Пред еден месец и половина беше официјализиран трансферот во португалскиот шампион Порто.

Митревски пристигна во Порто и наскоро ќе ги започне подготовките со новиот клуб, со кој освен на домашна, ќе игра и на меѓународна сцена.

Порто е дел од групата А во Лигата на шампионите и ќе игра против Вардар.