Се е подготвено за изборното собрание на РФМ – две клучни точки на дневен ред (ФОТО)

Денеска точно на пладне во еден од скопските хотели, ќе се одржи годишното Собрание на Ракометната Федерација.

На дневниот ред има 12 точки, од кои две ќе го привлечат вниманието. Тоа е изборот на претседател на РФМ, а ќе има само еден кандидат – актуелниот претседател Живко Мукаетов, кој би требало да ја добие поддршка од клубовите.

Под точка разно, ќе има предлог за промена на системот на натпреварување во актуелната сезона од суперлигашкото друштво и ќе видиме дали ќе биде прифатено барањето на дел од клубовите, за лигата и догодина да брои 14 екипи, односно 16, наместо планираните 12.

РФМ Собрание