Се враќа клупскиот европски ракомет, Лазаров брка Ф4 во Лига Европа против Магдебург

После репрезентативните натпревари на европските терени се враќа клупскиот ракомет и тоа со натпреварите од Лигата на Европа во машка конкуренција.

Висла Плоцк ќе гостува во Швајцарија на натпревар против Кадетен Шафхаузен, данскиот ГОГ ќе се сретне против Нексе, словенечиот Горење Велење ќе се спротистави на Бенфика во Португалија. Тимот на Кирил Лазаорв, Нант ќе се соочи со германски Магдебург во Франција.

Нант се пласираше во осминафиналето откако го освои третото место во групата „Б“, а потоа во првата нокаут рунда го елиминираше Фуксе Берлинг. Магдебург не знае за пораз во Лигата на Европа. Во групата „Ц“ тие беа први и без пораз, а во осминафиналето беа подобри од Спортинг.

Досега во европските натпреварувања двете екипи се сретнале четири пати, германскиот тим има три победи, а еден натпревари заврши без победник.

КАДЕТЕН – ВИСЛА ПЛОЦК

БЕНФИКА – ГОРЕЊЕ

НАНТ – МАГДЕБУРГ

НЕКСЕ – ГОРЕЊЕ

Сите натпревари се играат утре, а единствено Кадетен и Висла ќе се сретнат во терминот од 18:45, останатите три средби започнуваат во 20:45 часот.