Се бара замената за Скубе: Вардар блиску до договор со Португалецот Мартинс!

Вардар е блиску да ја пронајде замената за словенечкиот интернационалец Сташ Скубе. Европскиот првак е пред потпишување на договор со организаторот на играта на португалскиот Порто, Мигел Мартинс.

Станува збор за 22-годишен организатор на играта висок 192 сантиметри, кој оваа сезона играше против Вардар во Лигата на шампионите.

Мартинс беше член и на португалската репрезентација што настапи на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска. Таму постигна 19 погодоци, но подели 25 асистенции.

По францускиот голман Робин Кантегрел, како и претходно договорените Дмитри Санталов и Томислав Јагуриновски, Мартинс би требало да биде четвртото засилување за „црвено-црниот“ тим.