Пекинг Универзитет нема да игра во СЕХА, на ист чекор се подготвува и Загреб?!

Дебитантот во регионалната СЕХА лига, кинескиот тим со седиште во Загреб – Пекинг Универзитет, нема да игра следната сезона во ова натпреварување.

Оваа вест за хрватските медиуми ја потврди директорот на хрватскиот шампион Загреб, Ведран Шупуковиќ.

„Киензите дефинитивно откажаа, бидејќи сметаат дека на есен нема да биде можно да се игра СЕХА лига. Договорот со нив останува, но ќе биде на чекање. Нивното недоаѓање во Загреб го намалува нашиот буџет за 30%, а спонзорирањето го намали и Градот Загреб. Тоа значи дека ситуацијата се менува, но сепак очекуваме дека се ќе остане во границите на нормалата“, вели Шупуковиќ за „Спортске Новости“.

„Плинарите“ и раководството размислуваат за враќање во домашното првенство, бидејќи тешко дека меѓународните натпреварувања ќе стартуваат наесен.

„Лесно може да се случи да се играат само домашните првенства, а сите други меѓународни да бидат одложени поради пандемијата. Ние би сакале да биде поинаку, но можно е Загреб и Нексе привремено да се вратат во домашната лига“, заврши Шупуковиќ.