Сестрите Бонавентура: Мажите нѐ гледаат како опасност

Едни од најпознатите ракометни судии во светот и судии кои со нивните одлуки понекогаш предизвикуваат гнев кај ракометните фанови, Шарлот и Жули Бонавентура, во изјава за домашните медиуми се осврнаа и на нивните машки колеги.

Тие во 2003 година ја започнаа својата авантура делејќи правда низ француските првенства. Последните години се дел од најголемите настани и редовни судии на натпреварите од Лигата на шампионите. Незамисливо е некое првенство да помине без нив.

„Наша предност е тоа што многу добро се познаваме и разбираме на паркетот. Можеме да трчаме со затворени очи, но не е баш се сјајно во нашиот случај. Некои машки колеги гледаат на нас како опасност, под око, можеби им имаме земено некое финале на кое посакувале тие да делат правда“, изјави Жули Бонавентура.

Сестрите близначки се дел од судиската делегација на Светското првенство во Египет. Беа главни судии на два официјални натпревари на Македонија на првенството, против Русија и Египет.