Серафимов потврди дека е „позитивен“ – Им посака среќа на соиграчите (ФОТО)

Ракометарот од Металург, кој утре нема да тргне на пат за Франција со своите колеги бидејќи е позитивен на Ковид 19 е Мартин Серафимов, кој самиот објави дека ќе остане во Скопје.

Како што беше објавено вчера еден ракометар и еден член на стручниот штаб беа позитивни на тестирањето за коронавирус, а играчот самиот ја објави информацијата.

Екипата на Металург за Франција заминува рано наутро. Единствениот играч кој нема да може да помогне е младиот десен бек кој ќе мора да остане во Скопје.

Тој им посака среќа на своите колеги и потврди дека се чувствува добро и дека нема симптоми, но мора да се придржува до протоколите. Според ова тој најверојатно нема да биде во можност да настапи и на следниот натпревар.

„Се чувстувам добро и немам никакви симптоми. Ќе се придржувам кон протоколите за лекување и се надевам на брзо враќање на ракометот. Им посакувам на моите соиграчи успешен настап во Тулуз“, напиша Серафимов на својот Фејсбук профил.

Средбата против Тулуз се игра во вторник од 20:45 часот.