Серафимов и Рниќ во акција, поддршка за продавачите на „Лице в лице“ (ФОТО)

Репрезентативецот на Македонија, Мартин Серафимов и неговиот соиграч од Металург, Момир Рниќ беа првите ракометари кои се вклучуваат во акцијата за поддршка на продавачите на „Лице в лице“.

Тие денеска ја отворија Меѓународната недела на продавачи на Уличен печат, а истата трае до 7 февруари.

Серафимов и Рниќ им беа поддршка на продавачите, а Серафимов ќе биде и утре кога ќе се најде во друштво на уште еден соиграч, а се работи за Златко Хорват.

Ракометарите ќе бидат активни и во следните денови, а веќе е познат и распоредот на кои локации ќе се најдат заедно со продавачите на „Лице в лице“.

Распоредот на неделните дружења и средби меѓу продавачите, ракометарите и граѓаните, е следен:

Среда, 3 февруари:

Плоштад „Македонија“, (кај книжарницата „Култура“) 15.30 часот: Мартин Серафимов и Златко Хорват – РК „Металург“
Центар на Прилеп, 11.30 – 13.30 часот: Хари Павлов, Христи Бикоски, Хазеин Рустамов – РК „Прилеп“

Четврток, 4 февруари:
Плоштад „Македонија“, (кај книжарницата „Култура“) 13 часот: Дејан Пецаковски и Михаил Аларов – РК „Пролет“

Петок, 5 февруари:

Плоштад „Македонија“, (кај книжарницата „Култура“) 12 ч: Кристијан Дисингер – РК „Вардар“.

Акцијата трае до недела, а покрај ракометарите ќе бидат вклучени и претставници на другите спортови.