Серафимов е пенал мајстор – еве го голот за триумфот над Вардар (ВИДЕО)

Екипата на Алкалоид во дерби натпреварот од 7. коло во суперлигашкиот плеј-оф на свој терен во Автокоманда успеа да триумфира против актуелниот шампион Вардар со 22:21.

Избраниците на Кире Лазаров по одличната игра во првите 20 минути и водството од 13:10 во првото полувреме, му дозволија на Вардар да направи камбек во вториот дел.

Во неизвесниот финиш, во кој се играше гол за гол, подобро се снајдоа домаќините, кои со голот на Мартин Серафимов од пенал се радуваа на нов триумф, со кој се вклучија во борбата за шампионската титула.

Токму Серафимов беше најзаслужен за триумфот на Алкалоид и освен победничкиот гол од пенал, зад своите име запиша уште шест погодоци, имаше 100% реализација од линијата од седум метри.

Десниот бек во дуелот со Бутел исто така му донесе победа на својот тим кога со гол во последната секунда беше меч-винер.

Вардар на табелата има 21 бод, додека Еурофарм Пелистер и Алкалоид имаат по 18 бодови.

 

 

Не е првоаприлска шега: Алкалоид го победи Вардар!