СЕНЗАЦИJA: Вецлар и Миркуловски му нанесоа тежок пораз на Кил!

Ракометарита на Вецлар направија големо изнанадување и му нанесоа тежок пораз на Кил во 3. коло од Бундес лигата.

Вецлар и Филип Миркуловски ја остварија втората победа во новата сезона и тоа против шампионот со 31:22. Голема улога во оваа победа има голманот на Вецлар, Тил Климпке кој имаше фантастична вечер со 15 интервенции.

Вецлар одлично влезе во натпреварот, по само седум минути игра веќе имаше водство од 6:1, дуелот продолжи во ист ритам за по 15 минути игра домашниот тим да има предност 11:4. На полувреме водството на тимот на Миркуловски изнесуваше седум гола, 18:11.

Исто како во првиот дел така и во продолжението на ракометарите на Кил ништо не им одеше од рака, правеа грешки во нападите и промашуваа од добри позиции. Тоа Вецлар знаеше да го искористи и да стигне до многу убедлив триумф. Во 55. минута за прв пат домашниот тим стигна и до двоцифрена предност.

Филип Миркуловски на овој натпревар не успеа да се запише во листата на стрелците, а имаше едно исклучување од две минути. Најефикасен беше Холст со осум гола, а Бјорнсен постигна пет. Во имот на Кил, Екберг постигна пет гола, а Рајнкинд четири.