Светскиот првак нема да види втор круг, Србија и Романија низ “иглени уши“

Светскиот првак Франција загуби од Данска во решавачкиот натпревар која од двете селекции ќе обезбеди место во главната рунда на Мундијалот во Јапонија. Светските шампионки од Германија 2017 година, беа во негатива во голем дел од мечот, во финишот намалија на минус еден, но немаа сили за комплетен пресврт.

Во другите решавачки натпревар за место во втората фаза, Романија со гол од пенал во последната секунда на Кристина Неагу победи против Унгарија со 28-27 и си обезбеди место понатаму, додека Србија беше подобра од Словенија со 29-27. Во интересен натпревар Црна Гора по голем пресврт загуби од Шпанија со 27-26.

Резултати, 5. коло:

Бразил – Австралија 31-9
Јапонија – Кина 35-18
Црна Гора – Шпанија 26-27
Сенегал – Казахстан 30-20
Србија – Словенија 29-27
Ангола – Куба 40-30
Аргентина – Конго 25-16
Германија – Јужна Кореа 27-27
Романија – Унгарија 28-27
Франција – Данска 18-20
Холандија – Норвешка 30-28
Русија – Шведска 30-22