СЕНЗАЦИЈА: Нант без Лазаров на колена пред десеткуваниот Целје!

Ракометарите на Целје имаа одлично издание на гостувањето кај Нант и стигнаа до втората победа во Лигата на шампионите откако славеа 30:28. На денешниот натпревар во тимот на Нант не настапи Кире Лазаров.

Од првите минути на мечот Целје влезе максимално и ја имаше почетната предност, отоври со 1:4 а потоа и 3:7 во 10. минута. Следуваше враќање на домашниот тим и со головите на Ривера и Мин на средина на полувремето беше 8:8.

Целје играше константно квалитетно и повторно ја презема контролата на резултатот. Млакар реализираше за 9:11. До крајот на првиот дел гостите имаа водство најчесто од два гола, но на двапати Нант успеваше да израмни. По 30 минути игра беше 13:14.

Нант стигна до првото водство на натпреварот во на почетокот на второто полувреме. Се играше максимално израмнето, двете екипи го менуваа водството кое беше само минимално на едната или на другата страна сè до среднита на вториот дел кога Целје со добра серија повторно поведе со 20:24 во 45. минута.

Ракометарите на Нант се обидоа да се вратат во натпреварот и да избегнат нов пораз на домашен терен но негативата од четири беше недостижна за нив. Целје успеа да го исконтролира резултатот до крај и со голот на Новак во последната минута да ја потврди победата.

Најефикасен во домашниот тим беше Давид Балагер со десет погодоци, а Ривера и Мин погодија по петпати. Во составот на Целје прв стрелец беше Жига Млагар со осум гола, по пет постигнаа Хорзен и Кодрин.