Сензација во Србија – Металопластика по трилер меч го грабна пехарот во купот

За првпат од 2016 година екипата на Металопластика го освои Купот на Србија!

Во финалето за инфаркт одиграно во Лесковац заслужено после продолженија го совладаа бранителот на титулата Војводина со 29:28 (25:25; 13:12).

Избраниците на Миодраг Кизиќ беа блиску до триумф и во регуларниот дел, но Војводина успеа да се врати и да се избори за дополнителни десет минути. Иако беа во заостанување од два гола момците на Борис Ројевиќ се изборија за прилика мечот да оди во пенал серија, но одбраната на Металопластика лавовски го одби последниот атак на клубот од Нови Сад. Обидот на Прибак од тешка позиција го амортизираше блокот, а Дарко Арсиќ ја запиша 14. одбрана на 10 секунди пред крајот.

Нападнот на победниците го предводеа Азис и Брајовиќ кои во 58. минута се повреди откако доскокна на ногатан а противникот. Металопластика така на драматичен начин ја прекинаа доминацијата на Војводина која славеше во претходните три изданија.