Сензација во Словенија: Горење го победи Целје по пауза од девет години!

Ракометарите на Горење Велење денес забележаа историска победа над ривалот за првата позицијa во домашниот шампионат, Целје со резултат 25:23. На полувреме резултатот беше 11:8 за Горење Велење.

Тимот на Горење  последната победа над Целје ја имаше во 2013 година. Од 2013 секогаш беше во сенка на Целје кој имаше поголем буџет и поквалитетен тим, но тимот на Горење Велење имаше солидни резултати во изминатите години на домашна и меѓународна сцена.

Целје во домашната лига немаше пораз од февруари, 2019 година. Но, и покрај денешниот пораз, Целје го задржува лидерското место.

На табелата, Целје се наоѓа на првата позиција со 38 бодови, додека екипата на Горење Велење е на второто место со 35 бодови. До крајот има уште многу да се игра, а останатите екипи како Тримо Требње и Рико Рибница не се за потценување и би можеле да создадат дополнително шаренило на табелата за шампионската титула.