СЕНЗАЦИЈА во Русија – Виктор ги победи „мечките“ и ЦСКА Москва, го грабна трофејот од Купот

Тимот на Виктор Ставропол го освои трофејот во Купот на Русија, откако во неизвесното финале против ЦСКА Москва прославија историска победа откако триумфираа со 30:29 после изведувањето на пенали.

Регуларниот дел од натпреварот заврши без победник, 24:24, додека на полувреме резултатот беше 14:13 во корист за Виктор Ставропол.

Ова е голем успех за екипата од Ставропол, која во својата клупска историја го освои првиот трофеј во Купот.

Победничката екипа беше предводена од Инал Афлитулин, кој постигна осум погодоци. Во редовите на ЦСКА Москва најдобар беше поранешиот ракометар на Металург и Вардар, Павел Атман со шест погодоци.

Претходно Виктор Ставропол во полуфиналето го елиминираше тимот на Чеховски Медведи.