СЕНЗАЦИОНАЛЕН КАМБЕК: Легендарниот Фриц ќе го брани голот на Фленсбург на 46 години!

Повредата на босанскиот репрезентативец Бенјамин Буриќ го натера раководството на Фленсбург да бара краткорочно решение на голот.

Сензационален камбек во Бундес лигата ќе има легендарниот германски репрезентативец Хенинг Фриц, кој одамна не е на ракометните терени и работи како стручен коментатор на ТВ преноси од натпреварите во Бундес лигата.

Фриц настапуваше за Магдебург, Кил и Рајн Некар Левен, а кариерата ја заврши во 2012 година.

Сепак и на 46 години ќе се обиде да му помогне на Фленсбург во завршните битки за титулата во Бундес лигата, а ќе формира дуо со норвешкиот репрезентативец Торнбјорн Бергеруд.