Секељ: Извинете…Битола и навивачите се шампиони и никој друг

Еурофарм Пелистер загуби од Вардар со 23-26 и пропушти голема шанса да освои титула во Суперлигата по цели 17 години.

Голманот Мартон Секељ е меѓу најдобрите поединци во текот на оваа сезона во битолскиот клуб и по неколку дена по поразот од Вардар им се обрати на навивачите.

„Извинете…Битола и навивачите се шампиони и никој друг. Со оваа поддршка ЕХФ Ф4 беше наше место и требаше да ја завршиме сезоната како шампиони. Сега, се чуствуваме празно и со огромна болка, но се надевам дека ке успееме да се кренеме и да го освоиме Купот“, напиша Секељ на Инстаграм.

Последна шанса за домашен трофеј, тимот на Еурофарм Пелистер ќе ја има во Кавадарци, на Ф4 во Купот на Македонија, каде прва пречка е составот на Бутел Скопје.