Сезоната почнува на 8 септември, Вардар и Еурофарм Пелистер на мегдан во 4. коло

Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија беше извршена ждрепката за редните броеви на екипите за новата сезона во Суперлигата.

За разлика од лани кога се играше во две групи, сега се враќа стариот систем и ќе играат 12 екипи, кои потоа по шест ќе се поделат во плеј-оф и плеј-аут на пролет.

Претходно ќе има 22 кола во регуларниот дел, како и плус уште по десет во разигрувањето за титулата и за опстанок.

До крајот на годинава ќе има 17 кола, плус елиминациите или првото коло од Купот, а до крајот на февруари би требало да бидат одиграни уште петте кола од регуларниот дел.

Вардар и и Еурофарм Пелистер би требало своите дуели да ги одиграат во 4 коло, на 25/26 септември и потоа во 15. коло на 18/19 декември.

Супер лига, 1 коло: 

Вардар – Скопје
Радовиш – Струга
Охрид – Тиквеш
Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2
Бутел Скопје – Прилеп
Металург – Пролет