Седлоска и Локомотива редат победи во Хрватска

Тимот на Локомотива Загреб, каде што настапува македонската репрезентативка Андреа Седлоска, забележа нова победа во хрватскиот шампионат.

Локомотива славеше на гостувањето кај Кока со убедливи 23-37 во натпревар од седмото коло.

Седлоска на овој дуел постигна два гола од три обиди, додека најефикасна беше Гавриќ со седум голови.

Локомотива во седум меча има шест победи и се наоѓа на првото место на табелата, пред Подравка која има натпревар помалку.

Викендов тимот од Загреб го очекуваат дуели од третото коло во Лигата на Европа против италијанскиот тим Местрино.