СЕДИ ДОМА, ГЛЕДАЈ РАКОМЕТ: Самсоненко на тајм-аут, столче на терен, Вардар и Металург – 2 дел во ЛШ! (ВИДЕО)

Во деновите кога коронавирусот се шири со брзина на светлината на Стариот континент, препораките од властите се најголемиот дел од времето да го поминувате дома и да избегнувате контакти со луѓе. Љубителите на ракометот во овие денови ќе ги потсетуваме на најинтересните натпревари на македонските екипи и репрезентации во изминатите години, како и на најинтересните средби од големите натпреварувања. Седете дома и уживајте во ракометните натпревари. За денеска го одбравме натпреварот од групната фаза во Лигата на шампиони во сезоната 2013/2014, одигран пред седум години на 24 ноември во СЦ „Борис Трајковски“ меѓу Вардар и Металург. Тоа беше вториот меѓусебен нивни натпревар во Лигата на шампионите, а беше запаметен по седењето на Сергеј Самсоненко на вардаровата клупа, по тоа што од трибините полета столче кон Ренато Вугринец и по победата на Металург со 18-26.