„Сега сите кукаат за дуелите на Вујо и Лино, за тогашните Вардар и Металург, за таа тензија…“

Легендарниот Веселин Вујовиќ, кој своевремено беше на клупата на Вардар и на машката македонска репрезентација, сега е предводник на хрватскиот Загреб.

Вујо секогаш со задоволство се присетува на периодот поминат во Скопје и вели дека тој еден од најубавите во неговиот живот.

„Еден од наубавите периоди во мојот живот беше во Скопје, иако тоа тогаш не ми се чинеше така. Натпреварите кои ги игравме со Металург, тоа ривалство меѓу мене и Лино Червар, таа тензија, тогаш сето тоа се сметаше за некое лудило, а сега сите кукаат за тие времиња“, вели Вујовиќ за Balkan Handball.

Вујовиќ откри и дека лани имало можност да се врати на клупата на Вардар, но тоа пропаднало во последен момент, откако Сергеј Самсоненко се врати во клубот.