Ракометарите на Вардар денеска ќе го одиграат последниот натпревар за оваа година во Лигата на шампионите.
Во Скопје гостува унгарскиот гигант Веспрем, со поранешните вардарци – Мораес, Борозан, Штербик и Манасков, како и тренерот Дејвис.
Голманот и левото крило веќе гостуваа во Скопје како членови на унгарскиот тим, а за првпат во скопскиот пекол како противници се пивотменот и левиот бек.
Публиката во СЦ „Јане Сандански“ со свирежи го пречека Црногорецот, а со голем аплауз го поздрави бразилскиот репрезентативец.