Сакал да биде астронаут, а ги слуша Северина и Сандра Африка – игра за Мешков Брест (ВИДЕО)

Еден од новите ракометари во Мешков Брест, Станислав Кашпарек покажа добра форма во подготвителниот период на екипата и одигра во одлично особено на првиот четврт-финален натпревар од СЕХА лигата против Еурофарм Пелистер.

Ракометарот од Чешка во блиц интервју за неговиот клуб одговараше на неколку прашања и истакна дека имал желба на стане астронаут, но сега повеќе би сакал да ја освои титулата во Лигата на шампионите отколку да лета во вселената.

Откри дека ги знае повеќето песни што се актуелни на Балканот и дека сака да ги слуша Северина и Сандра Африка.

Кашпарек претходно долги години беше во Унгарија каде ги носеше дресовите на Балатонфуреди и ПИК Сегед.