Саздовска: Мора сериозно да го сфатиме натпреварот со Романија

Женската репрезентација на Македонија ја очекува третиот и најважен натпревар на Европското првенство.

Левото крило Јована Саздовска, која игра во романскиот шампионат во дресот на Дунареа Браила, добро го познава последниот ривал на Македонија.

„Романките се доста сериозен противник. Мора да подобриме некои работи и да ги намалиме техничките грешки. Не смееме да промашуваме зицери и мораме сериозно да го сфатиме натпреварот. Романките сметаат дека ќе одат во главната рунда, но ние ќе се обидеме колку можеме повеќе да бидеме во егал со нив. Доста е важен влезот во натпреварот. Ако влеземе со негатива од пет гола, тешко дека ќе успееме да направиме нешто повеќе“, изјави Саздовска.

Натпреварот меѓу Македонија и Романија се игра утревечер во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 18:00 часот.