САД на Мундијалот со ракометари од Фленсбург, Елверум, Кристијанштад, Адемар Леон…

Репрезентацијата на САД која доби вајлд карта за настап на Светкото првенство 2021 година во Египет за мажи, веднаш потоа го објави поширокиот список на кој се најдоа 35 ракометари од кои најголемиот дел настапуваат во Европа.

Репрезентативците за настап на Светското првенство федерацијата на САД ги бираше преку оглас, каде што играчите требаше да испратат видео со своите вештини. Овој процес заврши прилично брзо и веќе е познат конечниот список од 20 ракометари кои ќе настапат на Мудијалот.

Меѓу патниците во Египет се ракометари кои играат во многу познати клубови низ Европа, а тие се Абубакар Фофана од француски Анже, Ендрју Донлин од Адемар Леон и Николај Вебер кој игра за Колдинг. Тука е десното крило Тај Рид, кој игра за вториот тим на Фленсбург.

Покрај нив и тројцат голмани на САД играат во Европа, Пал Мерковски во Ѓенѓеш, Рене Инграм во Кристијанштад и Николас Арон Робинсон кој брани за Елверум.

Покрај конечниот список, селекторот одлучи да одбере и пет играчи кои ќе бидат резерви во случај на некое откажување. Во наредниот период ракометарите треба да се запознаат со ковид-протоколите пред да заминат на првенството, а федерацијата формираше специјален тим од лекари и медицински професионалци кои ќе ја придржуваат репрезентацијата на првенството.