Савиќ и Огњановски дел од главната рунда на Европското отворено првенство

Македонската судии Дамјан Савиќ и Марко Огњановски, се дел од Европското отворено првенство за кадети што се одржува во Гетеборг.

Тие се дел од програмата на ЕХФ „млади судии“, а во групната фаза веќе отсудија на четири средби.

Во главната рунда вчера судеа на две средби меѓу Чешка и Летонија, како и меѓу Швајцарија и Израел.

Денеска ги чека уште еден натпревар Исланд – Израел, а ако се оди според планот би требало да се најдат и во завршницата што ќе се игра во текот на утрешниот ден.

Доколку македонските арбитри ги задоволат строгите критериуми на ЕХФ, тогаш ќе бидат на добар пат кон ЕХФ значка.