Савевски со нов список, на 19 јули ги собира и кадетките (ФОТО)

Селекторот и координатор на сите женски репрезентации, Љубомир Савевски на ден пред почетокот на ЕХФ шампионатот за младинки го објави и составот за женската кадетска селекција која во август ја очекува настап на ЕХФ шампионатот во Литванија.

Тој повика 25 ракометарки, а дел од нив веќе имаше можност да ги запознае и за време на тренинзите на националниот тим во младинска конкуренција.

Девојките кои се најдоа во кадетската селекција ќе треба да се јават на собир на 19 јули така што ќе имаат возбудливо лето во кое ќе имаат доста тренинзи, а секако и натпревари.

Сепак, прво на сцена се младинките, а потоа доаѓаат натпреварите за ракометарките кои се дел од кадетската селекција.

На ЕХФ шампионатот во Литванија, Македонија ќе има сериозен предизвик бидејќи се најде во група со составите на Шпанија, Литванија, Финска, Косово и Велика Британија. Натпреварите се играат од 7 до 15 август.