Савевски: Репрезентацијата покажува карактер – само така да продолжиме

Селекторот на женската ракометна репрезентација Љубомир Савевски презентирајќи го својот извештај за настапот на ракометарките на ЕХФ Европскиот Куп потенцира дека иако на сите мечеви немавме победа, тој е особено задоволен од настапот на гостински терен.

„Целата година ни беше полна со настапи против Црна Гора, Норвешка и Словенија. Посебно сум задоволен од гостинските натпревари со Словенија и Црна Гора, како и на двата меча со Норвешка. Иако тие имаа подмладен состав, но покажавме карактер и знаење и само недостигот на квалитетен ростер, односно клупа, доведе до тоа да загубиме, но сепак покажавме солидна и добра игра. Само на тој начин треба да продолжиме, смета Савевски.

Сега претстои план за подготовки за настап на сениорското ЕП што во ноември ќе се одржи во Македонија, Црна Гора и Словенија.

„Освен собирите на ЕХФ неделите, во план се почести собири на оние ракометарки од домашното првенство, во склопот на секојдневните активности што ги имаме со спортската академија помладите ракометарки. Секако подготовките од седум дена на првиот собир и на вториот собир на ЕХФ неделата пред ЕП. Нивото на условите што ги имаме од РФМ се на европски и светски шампиони., вели Савевски.