Савевски: Не знаевме што да очекуваме пред натпреварот, но ова е добар почеток за нас

Женската младинска репрезентација на Македонија стартуваше убедливо на ЕХФ шампионатот што од денеска се игра во Скопје.

Избраничките на Љубомир Савевски славеа над селекцијата на Босна и Херцеговина со убедливи 39-28. Тој е задоволен, особено од играта во одбрана.

„Не знаевме што да очекуваме бидејќи трениравме само петнаесетина дена, без да одиграме ниту еден натпревар. Можам да кажам дека сум задоволен, одигравме добар меч, одбранате беше на високо ниво и постигнавме многу лесни голови. Ова е добар старт за нас на овој шампионат“, вели селекторот Савевски.

Следен предизвик за Македонија ќе биде дуелот со Фарски Острови в понеделник со почеток во 20:30 часот.