РФМ со специјален дрес за родителите на Марко Божиновски (ФОТО)

Денес во спортската сала „Јасмин” во Кавадарци, во која ќе се одиграат двете финални средби од Купот на Македонија во машка и женска конкуренција, кадетската репрезентација на Македонија и кадетскиот тим на Бутел во чест на починатиот ракометар, Марко Божиновски, ќе одиграат ревијален натпревар.

Пред почетокот на ревијалниот натпревар, претседателот на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Живко Мукаетов, им подари специјален дрес на родителите на ненадејно починатиот ракометар на бутелци, Марко Божиновски.

Талентираниот ракометар кој важеше за голем потенцијал почина пред една година и предизвика огромна тага на ракометната сцена во Македонија.