РФМ со нова одлука, го стави машкиот ракомет во мирување

Откако прво беше одложен натпреварот Младост 1977 – Металург, денеска одложени се и другите две средби од 5. коло од Групата Б во Супер машката лига. Големиот број на заразени ракометари во тимот на Работнички беа причина да се донесе ваква одлука и да мора да се влезе во еден ваков период.

Со одлагањето на сите средби во Групата Б на 15 дена практично е ставен комплетно во мирување машкиот ракомет на домашна сцена бидејќи веќе претходно беа одложени сите средби од Групата А.

Воедно нема да се играат ниту средби од Првата лига која требаше да стартува викендов, па останува да се види како ќе се одвива ситуацијата.

Како што е веќе познато има голем број на заразени ракометари и сега веќе во екипи од двете групи, па со цел да нема проблеми со зголемување на бројот на заразени се става прекин на шампионатот.

Според информациите после 15 дена ќе биде направен нов скрининг и доколку резултатите бидат негативни тогаш ќе може одново да се продолжи со сезоната.