РФМ предлага: Нема шампион – нема испаѓање, лигата се проширува….!

Ракометната федерација на Македонија донесе предлог за продолжението на сезоната во сите конкуренции.

Соопштението е веќе испратено до клубовите, а јасно е дека нема да гледаме повеќе клупски ракомет во нашата држава оваа сезона.

Нема да бидат прогласени шампиони во ниту една конкуренција, а местата што водат во европските купови ќе бидат дополнително одредени.

Ви го пренесуваме во целост соопштението на РФМ.

„Во рамки на превентивните мерки и донесените Уредби од страна на Владата,
ракометните натпревари во сите категории во домашното првенство се во мирување.
Воедно Ве известуваме дека Ракометната Федерација на Македонија е во секојдневна
комуникација со надлежните институции со единствена цел за навремено информирање и спроведување на мерките за превенција од Covid-19.  Земајќи ја во предвид прогласената вонредна состојба во државата како и продолжувањето на
истата заклучно со 15.05.2020 година, дополнително и самиот факт дека поголемиот број договори на ракометарите/ките со клубовите имаат валидност заклучно до 31.05.2020 година,  како и насоките од Европската Ракометна Федерација за завршување на националниот систем на натпревари до 31.05.2020 година, се наметнува заклучокот дека моменталната состојба не дозволува и не постојат реални услови за регуларно завршување на домашното првенството. За сезоната 2019/2020 година ќе биде доставен предлог до УО на РФМ да нема прогласување на победник во националниот систем на натпревари во сите конкуренции и категории, истиот
предлог ќе биде доставен и за Куп на Македонија 2020 година. Местата во Европските клубски натпреварувања во ЕХФ и местата во регионалната Сеха Лига ќе бидат распределени согласно критериуми од страна на УО на РФМ“, се вели во соопштението.