РФМ „помилува“ судии – предвреме се враќаат на терен!

Ракометната федерација на Македонија ги „помилува“ прилепските арбитри Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески, кои добија суспензија на шест месеци на 6 мај.

Тие двајца веќе викендов добија две делегирања во Супер машката и во Женската лига и ќе ги судат натпреварите Куманово – Вардар и Скопје – Јуниор КВ.

Иако требаше да „паузираат“ од ракометот до 6 ноември, сепак ќе се појават на ракометните терени два месеци порано од планираното.

Македонската куќа на ракометот, како и за многу работи досега, остана затворена за јавност и не објави никаква одлука, дека казната на Седлоски и Ангелески им е преполовена, односно дека суспензијата им е намалена.

Очигледно дека во РФМ многу работи не штимаат. Оставка поднесе комесарот за натпревари Славе Николов, неколку екипи од Прва лига се откажуваат во последен момент од настап, не се знае ниту бројот на екипи, ниту форматот на натпреварување во младинските лиги…

Суспензија за судиите на средбата Еурофарм Пелистер 2 – Тиквеш!