РФМ закажа Собрание в сабота на пладне

Ракометната федерација на Македонија го закажа редовното годишно Собрание за 29 февруари во 12:00 часот.

Точно на пладне во Собранието на Град Скопје ќе се дискутира по осум точки на дневниот ред.

Се чини најинтересни ќе бидат дискусиите по точката шест, бидејќи во 2019 година, нашите репрезентации во сите конкуренции и клубови има многу активности.

Под точката број 8, Разно, би требало да се дискутира за промена на системот на натпреварувања во машката Суперлига, кој долго време се споменува, односно за камбек на сехалигашите во регуларниот дел од сезоната.