Рустамов: По серијата порази, ни требаше ваква победа!

Екипата на Охрид освои важни бодови на домашен терен, откако во натпревар од 7. коло од плеј-оф фазата во Суперлигата триумфираше над Бутел со 28:19.

Охриѓани уште во првото полувреме покажаа одлична игра, продолжија со доброто темпо во вториот дел, и заслужено се радуваа на вториот триумф во плеј-офот.

Левото крило на Охрид, Хазеин Рустамов заедно со Стефан Дрогришки и Гал Цирар беа најефикасни со по пет погодоци.

,,Овој дуел за нас беше многу битен да го добиеме бидејќи имавме серија на порази. Со победата над Бутел се подигна атмосферата, добро одигравме во нападот, функционираше контрата и полу-контрата и го исполнивме тоа што го договоривме. Победата ни беше потребна и успеавме да ја добиеме”, изјави Рустамов.

Во следното коло Охрид е домаќин на Еурофарм Пелистер 2, кој вчера славеше победа над Пролет во Скопје.

Охрид одигра победнички и го „сопна“ Бутел во борбата за Европа