Машката репрезентација на Црна Гора би можела да добие нов член во стручниот штаб на Зоран Рогановиќ
Според информациите на „Monte Handbalia“, постои голема можност Младен Ракчевиќ да биде именуван за асистент на селекторот Зоран Рогановиќ на клупата на националниот тим.
Некогашниот играч на Металург, Вардар, Ловќен, АЕК Атина, Колубара…по завршувањето на играчката кариера е надвор од ракометот, но сега би можел да се врати и да му помогне на националниот тим на Црна Гора.
Ракчевиќ и Рогановиќ имаат долгогодишно репрезентативно искуство, бидејќи во минатото беа дел од црногорскиот национален тим и настапуваа заедно на голем број натпревари.
Кружниот напаѓач кој остави длабока трага и во Македонија, беше дел од генерацијата која го градеше црногорскиот ракомет на меѓународната сцена, додека Рогановиќ подоцна ја презеде и селекторската функција.


























