Ростов со писмо до ЕХФ, бара Ф8 место Ф4 во Будимпешта

Најдобриот тим од Русија во женска конкуренција во моментов, Ростов Дон го крена својот глас после најавите дека ќе бидат откажани натпреварите од елиминациите и во Будимпешта ќе играат само најдобрите четири екипи.

До ЕХФ беше упатена реакција така што се бара начин како да се дојде до можност да се играат натпревари на завршниот турнир.

„Ние ја посочивме нашата позиција во писмото до ЕХФ. Нашиот став е договорен со претседателот на Ракометната федерација на Русија, Сергеј Шишкарев.Испративме писмо во кое замолуваме да не се откажуваат натпреварите од четврт-финалето во Лигата на шампионите.

Од клубот не се согласуваат со оваа одлука и бараат на завршниот турнир да има место за сите кои обезбедија место во елиминациите.

„Место да се играат два натпревари, може да се одигра еден и истиот да биде одигран во Будимпешта. Може да се одигра Ф8 и сите да добиеме шанса да настапиме на завршниот турнир во Унгарија. Сметаме дека така би било фер. Ако не смееме да играме во елиминациите иако стигнавме до четврт-финалето би било навистина погрешно“, велат од Ростов Дон.

Противник на Ростов Дон е составот на Брест. Русинките бреа третопласирани после групната фаза во Групата 1, додека Брест заврши второпласиран во Групата 2.