Ростов и Брест моќно до четвртфиналето на ЛШ

Познати се уште две екипи кои обезбедија пласман во четвртфиналето од Лигата на шампиони за жени. Ростов и Брест и во вториот дуел против своите противници Подравка односно Есбјерг триумфираа за лесен пласман во следната рунда.

Ростов во реванш дуелот ја декласиреше екипата на Подравка, победи и во вториот натпревар победувајќи ја со високи 42:24, откако на првиот славеше 29:20. Уште од почетоткот рускиот состав започна да ја гради предноста, поведе со 5:1 а во продолжение разликата само се зголемуваше.

На полувреме беше 24:11, во вториот дел разликата достигна и највисоки 19 разлика за потврда на доминацијата на Ростов. Катарина Крпеж Слезак беше прв стрелец со девет гола во рускиот тим, додека Дејана Милосављевиќ беше најефикасна за Подравка со седум гола.

Францускиот претставник Брест во реванш дуелот славеше 30:27 против Есбјерг и го потврди пласманот во четвртфиналето. И во првиот натпревар екипата од Франција тримфираше со 33:27.

На реваншот ракоемтарките на Брест имаа целосна контрола на натпреварот, во финишот на првиот дел имаа највисоки девет позитива, а на полувреме беше 19:11. Во продолжението дојде до опуштање но Есбјерг успеа само да го ублажи поразот. Ана Грос со седум погодоци беше прв стрелец за Брест, а Мете Транборг постигна шест погодоци и беше најеикасна во екипата на Есбјерг.