Романски клуб е пред распад – има само четири ракометарки во ростерот!

Женскиот клуб од Романија, Слобозиа, е пред распад и откажување од настап во шампионатот следната сезона.

Романските медиуми пишуваат дека тренерот Георге Ковач веќе го напуштил клубот, а останале само четири ракометарки!

Слобозиа е клуб што е во најголем процент финансиран од градските власти, кои лани давале 600.000 евра.

Сега е решено таа сума да биде намалена за две третини, што не е доволно за клубот да функционира според посакуваното. Иднината на клубот ќе биде решена на 25 јуни.