Романските медиуми бесни: Веднаш испратете го спанкото Риде дома!

Женската репрезентација на Романија не игра според очекувањата на Светското првенство во Јапонија под водство на шведскиот стратег Томас Риде, па романските медиуми се бесни на него и не ги штедеа критиките.

Романија во првото коло загуби катастрофално од Шпанија со 16-31, потоа го победи Сенегал 29-24, а не беше убедлива  ниту против Казахстан и славеше само со 22-20. Денеска загубија и од Црна Гора со голем пресврт, 26-27.

Медиумите се бесни на селекторот Томас Риде, а најжесток наслов имаше „Газета спортурилор“. Колегите побараа од претседателот на федерациајта, Александре Деду, кој се наоѓа во Јапонија, уште веднаш да го избрка Швеѓанецот од клупата на Романија: „Испратете го „спанкото“ Риде дома. Веднаш!“.

Челниците на федерацијата побараа малку повеќе доверба во селекторот и најавија дека шансите на Романија за пласман во следната фаза се уште постојат. Во меѓусебен дуел Романија и Унгарија ќе решат за последниот патник во главната рунда.