Романките потклекнаа пред Унгарија

Во пресрет на Европското првенството што ќе се игра во Македонија, Црна Гора и Словенија се одиграа многу пријателски натпревари.

Еден од ривалите на Македонија, селекцијата на Романија загуби кај Унгарија со 33-28. Најдобар стрелец беше Грозав со 11 гола, додека Неагу даде три, но имаше слаб процент на реализација, а настапи и Пинтеа.

Холанѓанките по убедливата победа над Норвешка, славеа минимално и против јужноамериканскиот првак Бразил, со еден гол разлика, 27-26.

Франција ја победи Полска со 33-26, а денеска овие две селекции ќе одиграат уште еден натпревар.

Пријателски натпревари:

Црна Гора – Словачка 37-20
Шведска – Чешка 36-20
Египет – Швајцарија 28-37
Шпанија – Тунис 39-29
Франција – Полска 33-26
Бразил – Холандија 26-27
Швајцарија – Тунис 41-31
Норвешка – Данска 28-27
Унгарија – Романија 33-28
Словенија – Хрватска 22-23
Црна Гора – Словачка 33-24
Шпанија – Египет 34-23